Исклучително неизвесна трка и на дното: Кој ќе преживее?

Премиер лигата денес ќе ја комплетира сезоната 2019/20 со натпреварите од 38-то коло во кое ќе се одлучуваат последните два патници во Лигата на шампионите, но ќе се знае и која од трите екипи Ватфорд, Астон вила и Борнмут ќе се задржи во елитата, а кој ќе се приклучи на Норвич во Чемпионшип.

Овие три екипи се на 17-тото, 18-тото и претпоследното 19-то место на табелата, а разликата меѓу нив е само три бода и имаат речиси идентична гол-разлика. Интерсно е што и Ватфорд и Вила, но и Борнмут играат надвор од своите стадиони, односно гостуваат кај Арсенал, Вест хем и Евертон.

Само еден тим ќе успее да остане во Премиер лигата, а според моменталната состојба најголеми шанси за тоа има Астон вила, додека Црешите од 19-тата позиција имаат само 5% шанси за опстанок. Секоја од екипите цели на триумф и освојување на три бода, а потоа ќе се чека крајниот епилог на резултатите за да се добие конечниот костур за сезоната 2020/21.

Според коефициентите во Sport Life, евентуална победа на Астон вила кај Вест хем носи квота 2.30,  коефициентот за  „двојка“ на Ватфорд против Арсенал е 3.30, додека триумф на Борнмут кај Евертон има квота од 2.85.

Сите натпревари од 38-то коло се закажани во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести