Иско се сели во хит тимот од петте најсилни лиги, играчите веќе го скандираат неговото име на тренинзите

Поранешниот шпански репрезентативец, Иско, наскоро ќе има нов клуб и тоа би требало да биде Унион Берлин.

Според новнарот Флоријан Плетенберг, разговорите меѓу челниците на бундеслигашот и на Иско, се во завршна фаза, а за тоа се запознати и самите фудбалери.

https://twitter.com/Plettigoal/status/1619339826771410945?s=20&t=6BmmCXEzlcLUeOssCdLLJA

Интересно е што на последниот тренинг што се одржал пред градското дерби со Херта, играчите на Унион скандирале „Иско, Иско“, а тоа не било демантирано од управата.

Унион Берлин е вистински хит во петте најсилни европски лиги, се наоѓа на второто место на табелата во Бундеслигата со само еден бод помалку од лидерот Баерн Минхен.

Шпанецот во Унион Берлин треба да пристигне од Севилја со која неодамна го раскина договорот.

Пред Севилја, Иско девет години го носеше дресот на Реал Мадрид и ги освои сите можни трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести