Искористен домашниот терен, тенисерите се пласираа во третата европска зона на Дејвис купот

Машката тениска репрезентација на Македонија, успеа да се извлече од дното и да се пласира во третата Европска зона во Дејвис купот, па во 2022 година нашите најдобри тенисери ќе играат во посилна конкуренција од оваа која ја имаа во Скопје.

Македонската селекција беше подмладена, настапи без искусниот Томислав Јотовски, кој моментно е втор по ранг наш тенисер, а после киксот и поразот против Сан Марино, Дејвис куп репрезентацијата на Македонија денеска против Молдавија успеа да триумфира, и да го освои второто место, кое заедно со Молдавија ги носи Црвено-жолтите во ранг погоре.

Среќна околност беше што Молдавците имаа обезбедено прво место, па денеска настапија со своите резерви кои во сингл беа разбиени од Калин Ивановски и Горазд Србљак. Во тимот на капитенот Чедомир Јовановски беа и Стефан Мицов и Обрад Марковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести