Искрен до коска: Го мразам тенисот, но кога некој ме кани да земам 60.000 евра, тогаш ќе дојдам

Францускиот тенисер Беноа Пер е еден од најконтроверзните активни играчи. Пер загуби во првото коло на Вимблдон од Квентин Халис со 3:1 во сетови, но Французинот не делуваше многу разочаран по елиминацијата.

Пет откри дека по завршувањето на Ролан Гарос, вкупно на тренинг поминал 3-4 часа, а на трева имал само два тренинзи пред стартот на Вимблдон.

„Знаев дека тука ќе биде тешко, но исто така знаев дека со самото доаѓање ќе заработам некоја пара, која добро ќе ми дојде. Знаев дека ќе биде тешко да дојдам до второто или третото коло. Искрено би играл на секој турнир на кој ќе ми кажат дека ќе заработам 60.000 евра“, признава Пер.

Тенисерот вели дека посетува психолог и дека би сакал повторно да го засака тенисот како некогаш.

„Одам на психолог. Не се чувствувам среќен со мојот живот. Затоа и сакам да паузирам, за да ми се врати старата страст кон тенисот. Некогаш го сакав, а сега го мразам“, искрено зборуваше Пер.

Искусниот Пет во текот на 15-годишната кариера има заработено над девет милиони евра, а моментно е на 80-тото место на АТП-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести