0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Искусниот дефанзивец на Јуве стана Виолетов

Фиорентина го доведе на позајмица искусниот дефанзивец на Јувентус, Даниеле Ругани. Тој ќе го носи виолетовиот дрес до крајот на сезонава, со можност налето да биде откупен за 2 милиони евра, но само ако Фиорентина обезбеди опстанок и не испадне во Серија Б.

Ругани има само осум настапи за Јуве оваа сезона во Серија А и во Лигата на шампионите. Има вкупно 157 меча за Старата дама, што го става на четвртото место меѓу актуелните играчи зад Душан Влаховиќ, Вестон МекКени и Мануел Локатели. 

Инаку, Ругани има важечки договор со Јувентус до јуни 2028 година. Во својата кариера освои пет Скудета, а има и четири трофеи од Купот на Италија и два од Суперкупот на Италија. За репрезентацијата на Италија има 7 настапи. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести