Искуството беше пресудно: Драган е победник на ноемвриската етапа на Среќна 13-ка

Скопјанецот Драган е победник на ноемвриската етапа на Среќна 13-ка која му донесе награда од 120.000 денари.

Драган кој е поранешен фудбалер, е голем љубител и играч на оригиналната спортска прогноза која се играше во поранешна Југославија, редовно ги следи фудбалските мечеви и формата на екипите, а не експериментира многу со игрите и уплаќа само минимални суми.

Во ноември неговиот тикет со 13 одиграни натпревари имаше најголем коефициент и си заработи дополнителни 120.000 денари, а Драган вели дека тоа е резултат на три фактори.

„Сите поголеми добивки се резултат на познавање, анализи статистики.. За да добиеш поголеми пари потребни се три работи да се вклопат, знаење, систем и среќа, се е по 33 отсто за да се дојде до врвна награда. Јас сум ситен играч, но потребно е да се изберат натпревари, да се направи изборот кој е поединечен. Но, мора да се анализира и да се одберат вистинските парови и за тоа е потребно многу време да се посвети. Мојата стратегија е да се игра реално, да се исполни условот на играта, квотата да биде најмалку 1.40. Најчесто играм на конечен тип и каде што сметам дека е опасно надополнувам со голови“, вели Драган.

За Драган обложувањето претставува задоволство, но воедно и ритуал. Како поранешен фудбалер, голем љубител на спортот, редовно играл спортска прогноза во поранешна Југославија. Сега најголемо задоволство му претставува кога ќе го земе билтенот и со кафе ќе ја бара добитната комбинација.

„Јас сум од повозрасните играчи, човек кој редовно играл спортска прогноза во поранешна Југославија и сум добитник на убави награви од убави времиња. Исто така сум поранешен фудбалер на Рабонички и ФЦУ, јас сум спортист во душа и обложувањето ми претставува задоволство. Најголем мерак ми е кога во викендите ќе го земам билтенот и со кафе ги гледам паровите. Следам речиси сè, состави, жолтите картони, серии, статистики. Тоа ми е ритуал, како да се вградувам во тоа што треба да се игра и сето тоа го правам навистина од задоволство и ми претставува духовна храна“, вели Драган.

За него не постои омилен тим или омилена игра.
„Немам омилен тим кој го играм на тикет, за мене има добитен тим. Минатата сезона го следев тимот од пониските англиски лиги Кингс Лин, но сезонава не игра толку добро. Јас сум редовен играч кој вложува минимални суми и не ги пропуштам викендите.

- Оглас -

Најнови вести