Исланд до втора победа во низа, Јапонија ги пакува куферите

По лесниот триумф над Бахреин (36:18), Исланд ја запиша и втората победа на шампионатот совладувајќи ја Јапонија со 25:21. Ислаѓаните сега имаат две победи во групата Б, исто колку и Македонија, која допрва треба да игра против Шпанија (20:30 часот).

По неизвесните 30 минути од средбата во „Олимпија хале“, Исланд ја презеде контролата во решавачките моменти и го освои четвртиот бод на светскиот ракометен собир.

Последниот и одлучувачки дуел Исланд го игра токму против селекцијата на Македонија, каде што ќе се бие битка за третата позиција во групата Б.

Аргентина си ги оживеа шансите за пласман во следната рунда откако беше подобра од Ангола со 33:26. Аргентинците со првиот триумф по четири средби, бележат три бода, еден повеќе од Катар и засега се наоѓаат на третото место во групата Д.

- Оглас -

Најнови вести