Исланд е во голема криза и има дури 8 порази на последните 9 официјални натпревари што е шанса за победа на Македонија, денеска од 18 часот во рејкјавик во квалификациски меч за настап на Мундијалот во Катар.
Исланѓаните имаа многу проблеми и надвор од терен, ги тресат секс-скандали и аферата со педофилија на капитенот Гилфи Сигурдсон, па Македонија има шанса да ја искористи ситуацијата и лошата атмосфера кај ривалот и за првпат на третото гостување во Рејкјавик да победи.
Коефициентот за триумф на избраниците на Благоја Милевски паѓа во сите светски обложувалници, а и во Sport Life од 3.35 денеска стаса до 3.00.
Моментно квотата за победа на Исланд е 2.55, а на стартот понудата беше 2.25, додека за реми се нуди коефициент од 3.10.
Македонија има 7 бода на третото место во Ј групата за пласман на Светското првенство во Катар, а Исланд е претпоследен со само 3 бода од четири меча и со мали шанси за подвиг.
Билансот од двете досегашни гостувања на Исланд ни се едно реми, 1:1 во 1996 година и минимален пораз од 0:1 во 2008 година, а и двата дуели беа квалификациски за настап на СП, исто како и овој денеска на „Лаугардалсволур“ арена во Рејкјавик.