9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Исландска песна во Малме, се компликуваат работите за Шведска

Исланд беше подобар од Шведска со 35-27 и внесе огромна неизвесност во групата 2 на Европското првенство во ракомет.

Ако Хрватска вечерва ја победи Швајцарија, тогаш на две кола до крајот, дури четири тима во оваа група (Шведска, Исланд, Словенија и Хрватска) ќе имаат по 4 бодови и борбата за првите две места на табелата кои водат во полуфиналето ќе биде супер интересна, и секој гол може да решава.

Виго Кристјансон имаше шоу со 11 голови од 11 шутеви, и беше прв стрелец во победничкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести