По ремито од 0-0 на гостувањето кај Романија, кое ја израдува и македонската јавност, селекторот на исландската репрезентација, Арнар Видарсон, изјави дека неговиот тим ќе се обиде да остане непоразен и во Скопје, на дуелот од последното коло.
На тој меч, на Македонија ѝ треба победа за освојување на второ место и бараж за пласман на СП, а пораз или нерешено наверојатно ќе го завршат сонот бидејќи тешко е да се верува дека Романците би кикснале против Лихтенштајн.
„Никој не можеше да предвиди дека ќе одиграме нерешено и затоа сум задоволен. Се надевам дека ќе прикажеме подеднакво добра игра и во Македонија. Бидејќи Романците беа толку пријателски настроени кон нас, се надевам дека ќе им помогнеме. Сакаме да постигнеме добар резултат и во Скопје. Ако успееме, ќе се вратам тука да ме почестите со пиво”, рече Видарсон по натпреварот во Букурешт.