Фала Исланд! Македонија сама решава дали ќе игра во баражот за СП 2022

Исланд издржа на гостувањето кај Романија и одигра без голови, резултат кој најмногу ја радува Македонија. Овој бод на Исланд не му значеше многу, но фактот дека Романија освои само еден наместо планираните три бода, е тоа што направи рокада на второто место во квалификациската група за пласман на Светското првенство во Катар.

По девет одиграни кола, Германија е убедливо прва со 24 бодови, но сега на второто место е Македонија со 15 бодови. Романија падна на третата позиција со 14 бодови, а Ерменија има 12. Исланд сега е со 9 бодови, додека Лихтенштајн остана само со еден освоен бод во групата.

Во последното коло, Македонија в недела на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе игра против Исланд и со освојување на три бода, нашата репрезентација ќе се избори за место во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Македонија никогаш досега нема играно бараж за планетарен собир, што значи дека дуелот против Исланд на 14 ноември ќе биде историски за нашата репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести