5.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Испишана историја: Прв фудбалер кој постигнал гол во сите 10 лиги во Англија

Џејмс Кертон е фудбалерот кој на 50 години стигна до историски подвиг во Англија. Тој е првиот играч кој постигнал гол во секоја од првите 10 дивизии на Англија. Ветеранот до подвигот стигна во победата од 4:1 на неговиот Кингс парк ренџерс против Дачи Роверс во натпревар од шестата лига во Англија.

Поранешниот играч на Норвич влезе во игра во второто полувреме. Прво асистираше за третиот гол на својот тим, а потоа самиот постигна и тоа фантастичен погодок, кој на крајот се покажа и како историски.

Импресивната кариера на Кертон започна во сезоната 1994/95 во Премиер лигата, кога играше за Канаринците. Потоа играше за голем број клубови во Англија. Меѓу нив се: Борнмут, Бристол роверс, Рединг, КПР, Свиндон, Колчестер, Барнсли, Шрусбери, Ексетер, Лејтон итн.

Една година играше и во Корејската К-лига, за тимот од Бусан. Зад себе има над 1.000 натпревари, во кои постигна речиси 400 гола.

„Обожавам да постигнувам голови. Секој е поспецијален од претходниот. Секогаш славам кога ќе постигнам гол – без разлика дали е на натпревар, на тренинг или на паркот“, вели Кертон, кој засега не размислува за откажување.

- Оглас -

Најнови вести