7.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Испишана историја, ваква ситуација во четвртфиналињата никогаш немало на гренслемите

Годинешниот Австралијан опен влезе во историјата на тенисот, како прв гренслем турнир во новата тениска ера (од 1968 година наваму) на кој и кај мажите и кај жените, во четвртфинале има шест или повеќе од првите осум носители.

Некој би рекол турнирот е здодевен, нема големи изненадувања, но затоа пак сега претстојат спектакли, најдобрите ќе се борат за трофејот.

Кај мажите, во четвртфинале се седум од првите осум носители. Го нема само Феликс Оже-Алијасим кој беше седми носител. Во четвртфиналето од тие што не се во топ 8 на светот влезе само Лирнер Тиен кој е 25-ти.

Во женска конкуренција, тука се најдобрите шест на ВТА листата: Арина Сабаленка, Ига Швионтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Елена Рибакина и Џесика Пегула.  Покрај овие шест тенисерки, во четвртфинале се и талентираната Ива Јовиќ, која е 27-ма на ВТА листата, и Украинката Елена Свитолина, која е 12-та.

Инаку кај дамите, од осумте четвртфиналистки, половината се Американки.

- Оглас -

Најнови вести