Финалето во Лигата на шампионите во женска конкуренција за првпат ќе се игра пред полни трибини. Историски е моментот дека сите билети за дуелот меѓу Барселона и Волфсбург се распродадени, што значи дека трибините на стадионот во Ајндховен ќе бидат полни.
Во продажба беа пуштени 34.100 билети и сите се продадени. „Филип арената“ е домот на холандскиот гигант ПСВ, а на 3 јуни ќе испише историја со финалето во женска конкуренција во ЛШ.
„Ова е првпат за целосно да биде распродадено финалето во Лигата на шампионите за жени, и тоа неколку недели пред да започне. Тоа е само знак дека е постигнато едно ново ниво“, задоволно вели Надин Кеслер, која е извршна директорка за женски фудбал при УЕФА.
Барселона третпат по ред ќе игра во финалето на ЛШ, а каталонскиот гигант првак беше само во 2021 година. Волфсбург ќе се обиде да го повтори успехот од 2013 и 2014 година, кога се радуваше на трофејот во ЛШ за жени.
🏆 #UWCLfinal = SOLD OUT 🤩
Next month’s final in Eindhoven is the first to be fully sold out since the #UWCL was rebranded in 2009/10!
Bring on Barcelona 🆚 Wolfsburg 🙌
— UEFA Women’s Champions League (@UWCL) May 16, 2023