Испишана историја во натпреварот во забивање на Ол-стар викендот (Видео)

Мек Мекланг испиша историја на Ол-стар викендот, откако стана првиот кошаркар кој успеал три години по ред да победува во натпреварот за забивање.

Овој кошаркар потврди дека му нема рамен кога се работи за спектакуларни забивања и имаше четири импресивни потези и во сите четири забивања доби максимални 50 поени, па сосема заслужено и оваа година ја освои наградата на Ол-стар викендот.

Посебно неверојатно беше забивањето преку автомобил, а успеа да забие и со две топки наеднаш. Слично забивање со скок преку автомобил во 2011 година имаше и Блејк Грифин, но ова што го направи Мекланг е нешто посебно.

Интересно е дека Мекланг сезонава нема постигнато ниту еден поен во НБА лигата, а сезонава е дел од Г-лигата и настапува за Осцеола меџик, која е филијала на Орландо меџик.

Три пати победник во забивање на ол-стар мечевите бил и Нејт Робинсон, но Мекланг е првиот што три години по ред е најдобар. Целото шоу во натпреварот во забивање може да го видите на видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести