Ист случај како Скопје од пред неколку месеци: УЕФА забрани да се игра на ваков терен во Косово

Европската фудбалска федерација УЕФА донесе одлука, мечот од Конференциската лига меѓу Балкани и Викторија Плзен да не се игра на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина. Причина за ваквата одлука на УЕФА е очајната состојба на теренот кој повеќе личи на нива за компири, отколку место каде што треба да се игра фудбал.

Косово на овој стадион неодамна одигра два меча од квалификациите за ЕП 2024 и тоа против Израел и Белорусија, а голем број од гостинските фудбалери во овие две селекции потенцираа дека никогаш не играле на полош терен.

Засега челниците на Балкани немаат одлучено каде точно ќе се игра дуелот против Викторија Плзен, но се шпекулира дека тоа ќе биде градот Кукс во Албанија, а во опција е и националниот стадион во Тирана „Ер Албанија“.

Мечот меѓу Балкани и Викторија Плзен ќе се игра следниот четврток. Косовскиот тим се бори за второто место во групата каде ривали им се Динамо Загреб и Астана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести