Истанбул „гори“, илјадници навивачи го пречекаа новото засилување на Галатасарај (Видео)

Еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот во моментов, Лерој Сане, одлучи да не го продолжи договорот со Баерн Минхен, но и да ја одбие понудата на Арсенал за да потпише за Галатасарај.

Германецот изненади многумина со својата одлука, а истовремено во Турција предизвика вистински хаос. Десеттици илјади навивачи се собраа да го пречекаат на аеродром, но и низ улиците на Истанбул, а сето тоа беше проследено со многу пиротехника, па градот на Босфорот буквално гореше цела ноќ.

- Оглас -

Најнови вести