Истанбул „ќе гори“ в понеделник, билетите за Галатасарај – Фенербахче продадени за 1 минута!

Интересот за едно од најжешките истанбулски дербија во последните години е огромен, в понеделник Галарасарај ќе го пречека Фенербахче во меч на кој ако победи Галата, би имал големи, веројатно и недостижни 9 бодови предност пред лутиот ривал кој им е единствен конкурент за титулата.

Какво лудило владее меѓу фановите потврдува и податокот дека оние билети кои онлајн биле пуштени на продажба, се распродале за само една минута. Цените биле од 51 евро најефтините, до 787 евра најскапите.

Клубот ги повика и носителите на сезонски билети кои нема да можат да присуствуваат на натпреварот в понеделник вечер, да ги понудат во клубот само за овој еден меч, со цел в понеделник да има 50.000 луѓе на стадионот „Рамс Парк“.
- Оглас -

Најнови вести