29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Истанбул не доби ниту утешна награда да биде домаќин на Суперкупот на УЕФА

Поради пандемијата со корона-вирусот, Истанбул две години во низа извиси за домаќинство на финалињата во Лигата на шампионите, кои се играа во Лисабон, односно Порто оваа година.

Надежта беше дека од УЕФА ќе стигне утеха така што на турската метропола ќе ѝ додели домаќинство за европскиот Суперкуп, но ниту тоа не се случи.

Од таборот на Фудбалската федерација на Северна Ирска потврдија дека Белфаст останува да ги вгости освојувачите на ЛШ и ЛЕ од сезоната која е зад нас, а тоа се Челзи и Вилјареал. Со битката за апсолутен европски првак ќе се назначи старт на сезоната 2021/22, дуелот е предвиден  на Националниот стадион „Винздоур парк“  на 11 август.

За Сините од Лондон ќе биде четврто учество во ова натпреварување, откако претходните три ги загубија од Баерн Минхен во два наврати, како и од Атлетико Мадрид. Жолтата подморница пак првпат во клупската историја доби прилика да се бори за трофеј на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести