Лук Литлер стана убедливо најмладиот финалист на Светско првенство во историјата на пикадото.
Англичанецот има само 16 години (досега најмладиот финалист имаше 21) и претставува сензација на СП кое е во тек. Пред првенството, никој не се надеваше дека може да стигне дотука, но со игрите покажа дека е врвен играч со необично цврсти нерви за некој на негова возраст.
Во полуфиналето, тој го совлада Роб Крос со 6-2 во сетови. Крос го доби првиот сет, но следуваше серија од три добиени сетови на Литлер, кој освои три сета во низа и откако противникот намали на 2-3.
Последното фрлање на Литлер покажа колку добро ги контролира нервите и емоциите. Кога погоди, се однесуваше како тоа да е нешто најнормално. Финалето е утре, а победникот ќе освои 500.000 фунти.
https://twitter.com/i/status/1742298180560060683