Дуелот помеѓу Реал Мадрид и Шахтар кој се игра од 21 часот носи нешто невидено досега, во стартните состави на двата тима има вкупно 12-мина Украинци, што е рекорд. Од друга страна, Реал е шпански клуб, но има само еден Шпанец во почетните 11.
Шахтар, кој некогаш важеше за бразилска колонија, поради ситуацијата во Украина, веќе нема Бразилци, па тренерот Игор Јовичевиќ за гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе тргне со 11-мина Украинци, што е првпат во историјата на Шахтар во меч од ЛШ да почне без странци.
И кај Реал ќе има еден Украинец во почетниот состав, тоа е голманот Андриј Лунин. Тибо Куртоа е повреден, па Лунин доби шанса да дебитира во ЛШ како стартер.
На дербито во Лондон помеѓу Челзи и Милан меѓу првите 11мина на Росонерите е Оливие Жиру, францускиот напаѓач кој со Сините од Лондон ги освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа.