7.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Историја: никој не одиграл повеќе премиерлигашки мечеви од Џејмс Милнер

Џејмс Милнер со влегувањето во игра на вечерашниот меч Астон Вила – Брајтон, го има својот 653-ти настап во англиската Премиер лига и тоа е изедначување на рекордот кој досега сам го држеше Герет Бери.

До крајот на сезонава за Брајтон остануваат уште 12 натпревари и само прашање на време е кога Милнер ќе стане осамен на чело на листата и ќе го надмине Бери. Првата шанса за испишување златна страница во историјата на елитната англиска лига, Милнер ќе ја има на 21-ви февруари кога Морските галеби ќе се сретнат со Брентфорд.

Во топ 10 на вечната листа според бројот на настапи во Премиер лигата се Бери, Милнер, Рајан Гигс, Френк Лампард, Дејвид Џејмс, Марк Шварцер, Гери Спид, Емил Хески, Џејми Карагер и Фил Невил.

- Оглас -

Најнови вести