Историја во Фукуока: Грција првпат ќе игра во финале на СП за ватерполо

Репрезентацијата на Грција е првиот финалист на Светското ватерполо првенство во Јапонија откако ја совлада Србија со убедливи 13-7.

Грците до првиот пласман во едно финале на Светско првенство стигнаа со убедлива игра во сите четири периоди и не им дадоа на Србите ниту да се надеваат на добар резултат. Првата четвртина Грција ја доби со 3-2, но победникот беше решен во вториот период, кој со убедливи 3-0 им припадна на ватерполистите од нашиот јужен сосед.

Србија беше конкурентна само во третиот период, кој заврши нерешено, 3-3, а во последната четвртина Грците само ја зголемија предноста кој ја имаа за конечни 13-7 на крајот.

Противник на Грција ќе им биде победникот од дуелот помеѓу актуелниот светски шампион Шпанија и Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести