Елиф Елмас се запиша во историјата и на италијанскиот фудбал и на Лигата на Европа со погодокот за Наполи во 11-тата секунда вечерва против Спартак Москва.
Нашиот репрезентативец со убав удар ја затресе мрежата на рускиот тим и тоа е најбрзиот гол за италијанска екипа во историјата на Лигата на Европа.
Сепак, голот не е и најбрз во историјата на ова натпреварување и е рангиран како четврт вкупно според времето на постигнување.
Elmas entra nella storia: gol più veloce di una squadra italiana in Europa League https://t.co/waN4HrT37t
— TuttoNapoli.net (@tuttonapoli) September 30, 2021