Историја за Хакен, ја пишуваше и македонски фудбалер за прва шведска круна (Видео)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Филип Трпчевски и неговиот тим Хакен заслужено се радуваат на најголемиот клупски успех и шампионската круна во Шведска.

Хакен денеска го демолираше гигантот и 18-кратен првак Гетеборг со 4:0 на гости и на едно коло до крајот на првенството е недостижен за уште еден шведски гигант, Ѓургарден, кој има 12 пехари.

https://twitter.com/MashStPaddy/status/1586737609530810369?s=20&t=WglOLPORTYQYiGriCaWl2Q

Трпчевски е роден во Гетеборг и е напаѓач на 19-годишна возраст, а има настапи за Македонија во четири возрасни категории на фудбалери: до 16, 17, 19 и 20 години, па во иднина се очекува да игра и за нашиот А тим.

Сезонава во 28 кола играше само на шест меча за Хакен во првенството, а има долга пауза поради повреда што се уште трае.

- Оглас -

Најнови вести