Арсенал минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Вулверхемптон, а голот за одлука го постигна Бразилецот Габриел. Додека еден Бразилец даде гол за победа, друг доби црвен картон за чудење.
Габриел Мартинели беше исклучен во 69-тата минута откако доби два жолти картони, и тоа само во една акција на противникот. Мартинели најпрво ја загуби топката и со раце оттурна еден противнички играч, но играта продолжи.
Вулверхемптон нападна, а Мартинели уште еднаш направи фаул. Судијата веднаш го извади жолтиот картон и на Мартинели му го покажа двапати. Првиот пат е за туркањето со раце во првиот дел од акцијата, а вториот поради фаулот, поради што играта беше сопрена. Бразилецот по брза постапка беше исклучен.
Gimana nih tanggepan kalian terkait red card nya G.Martinelli? Apakah dia layak mendapatkannya?
SOURCE : ARSENAL's Official Youtube.
Arsenal Martinelli #PremierLeague pic.twitter.com/7VLUF9DDfQ— Gooners (@AFC_kita) February 11, 2022
https://twitter.com/i/status/1491884794929627136