Ова е најубедливата победа во едно финале од Лигата на шампионите, натпреварување кое своите почетоци ги имаше во 1955 година. Истовремено, Интер доживеа историска брука како никоја екипа претходно.
Ниту едно финале од она првото во 1956 година, па се до она од минатата сезона, не завршило со разлика од пет гола за една од екипите. Последен пат, но и единствен, кога еден финалист успеа да постигне пет гола во 1962 година, кога Бенфика со 5-3 го победи Реал Мадрид, но токму „кралевите“ го имаат рекородот по дадени голови во едно финале, седум, кога во 1960 година го победија Ајнтрахт Франкфурт со 7-3.