23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Историска брука, првпат примаме 7 гола, и тоа само за 43 минути!

Натпреварот Англија – Македонија кој се игра вечерва на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе влезе во книгата на рекорди, за жал негативни, во историјата на македонскиот национален тим.

Избраниците на Благоја Милевски речиси половина час се држеа, а потоа од 29-тата до 73-тата минута примија дури седум гола.

Ова ќе биде најубедлив пораз во историјата, првпат примаме седум гола, а може да не се заврши „само“ на 7. Македонскиот тим е тотално немоќен како никогаш порано, нема ниту едн шут кон противничкиот гол и сега целта е само да не се продолжи со примање гол на секои 5-6 минути за да не биде и 10-ка во мрежата на Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести