Историска ноќ за тренерот на Сан Антонио: Попович стигна до 1.300 победи со Спарс (видео)

Победата на Сан Антонио од 120:104 над Чикаго булс беше историска за тренерот на Спарс, Грег Попович. Имено, тој стигна до 1.300 победи во кариерата и е само трет тренер во историјата на НБА лигата по Лени Вилкенс и Дон Нелсон кој стигнал до оваа бројка.

На Попович му беа потребни 1.934 натпревари како предводник на тексашката франшиза да стигне до јубилејната победата, што е рекорд пред Вилкенс кој има 1.332 победи, додека Нелсон во тренерската кариера остварил три победи повеќе.

https://twitter.com/spurs/status/1376021593349091331

Веќе 15 години Попович е на кормилото на Спарс, со кои освои пет шампионски прстени и е еден од петмината тренери во историјата кои може да се пофалат со пет или повеќе титули во НБА лигата. Грег е најзаслужен за успесите на франшизата од 1999 година па наваму, и секако е еден од омилените стратези во најсилната кошаркаска лига во светот.

Останати резултати НБА:

Милвоки 96:102 Њујорк, Минесота 107:129 Хјустон, Вапингтон 106:92 Детроит, Њу Орлеанс 112:103 Далас, Оклахома 94:111 Бостон, Јута 126:110 Мемфис, ЛА клиперс 122:112 Филаделфија, Сакраменто 100:98 Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести