Историска партија на Леброн Џејмс, но и покрај рекордот, Лејкерс е поразен

Минесота го победи ЛА Лејкерс со 116-104 и поведе со 2-1 во оваа плејофот серија на Западот во НБА лигата. На овој трети меч, Леброн Џејмс испиша историја, даде 38 поени, што е плејоф рекорд за играч кој има 40 или повеќе години.

Кај Езерџиите потфрли Лука Дончиќ кој играше со стомачни проблеми и постигна само 17 поени, а кај Минесота расположени беа двајца поединци, Џејден Мекдениелс со 30 поени од кои 24 во рекетот, и Ентони Едвардс со 29 поени и по осум скока и асистенции.

Милвоки намали на 1-2 против Индијана, откако го заштити домашниот терен со победа од 117-101 во третиот меч од оваа серија. Јанис Адетокумбо имаше 37 поени и 12 скока, но „икс фактор“ на Бакс беше Гери Трент кој погоди дури девет тројки и истотака уфрли 37 поени. Ова е првпат во историјата на Елените на еден ист плејоф меч двајца нивни играчи да постигнат над 35 поени.

Во Орландо се одигра неефикасен натпревар во кој Меџик го совлада првакот Бостон со 95-93 и сега е 2-1 во победи за Селтикс. На гостите не им помогнаа 36-те поени на повратникот Џејсон Тејтум кој не играше на вториот меч. Франц Вагнер со 32 и Паоло Банкеро со 29 поени беа предводници на тимот од Флорида.

- Оглас -

Најнови вести