Комо го растури Торино со 6-0 во натпревар од Серија А кој ќе биде запишан во книгата на историски рекорди на Комо.
Ова е највисок триумф во прволигашката историја на клубот. Досега најубедливата победа на Комо во Серија А беше 5-0 против Удинезе пред 74 години.
Комо првпат даде шест гола на прволигашки меч. Инаку во ноември, Комо како гостин му даде пет гола на Торино, и стана само шестиот тим во историјата на Серија А откако за победа се доделуваат по три бода некој тим на двата меча во сеоната против истиот ривал двапати да даде 5 или повеќе голови.

