Њујорк имаше девет порази во последните 11 меча, а утрово одигра меч за историја. Во „Медисон Сквер гарден“, домаќините се радуваа на неверојатна победа од 120: 66 против Бруклин.
Уште во првата четвртина Њујорк започна одлично и по првите 12 минути водеше со 38:20. Домаќините продолжија во ист ритам, посебно беа добри во одбраната и на крајот стигнаа до триумф од 54 разлика. Ова е најубедлива победа на Њујорк во клупската историја.
Резултати: Шарлот – Кливленд 87:94, Бостон – Индијана 119:104, Њујорк – Бруклин 120:66, Мемфис – Аталанта 122:124, Њу Орлеанс – Детроит 104:112, Милвоки – Оклахома 102:122, Сакраменто – Торонто 109:122.

