Екипата на Ленс минимално со 1:0 го победи Оксер, триумф кој е историски за нив. Ова е 10-та победа по ред за Ленс, а дури осум од нив се во домашното првенство, што преставува испишување на клупска историја.
Капитенот Весли Саид во 65 минута го постигна единствениот гол за голема радост на домашните фанови. Со овие три бода, Ленс повторно се искачи на врвот на табелата со 43 бодови, еден повеќе од актуелниот првак Пари Сен Жермен.
Ова е вистинско изненадување, ако се знае дека ПСЖ минатата сезона на убедлив начин ја освои титулата, а Светците од Париз се и актуелниот европски владетели. Сите овие пехари на ПСЖ не се доволен аргумент за Ленс да се уплаши и да застане, па по 18 кола во француското првенство ретко кој веруваше дека Жолто-црвените ќе бидат најдобри.

