Ерлинг Халанд во победата на Манчестер сити од 7:0 над Ред Бул Лајпциг постигна пет гола и собори дури три рекорди.
Норвежанецот стана третиот фудбалер кој дал пет гола на еден натпревар во Лигата на шампионите, по Лионел Меси и Луис Адријано. Адријано тоа го стори во натпревар од групната фаза во ЛШ во 2014 година против Бате Борисов, додека Меси исто како и Норвежанецот, петте гола ги даде во осминафиналето од ЛШ пред 11 години.
Со петте гола, Халанд дојде до бројката од 33 гола во елитното клупско натпреварување. Тој стана првиот фудбалер кој постигнал 30 или повеќе гола во ЛШ на 25 натпревари во ЛШ.
Исто така, Норвежанецот со 22 години стана најмладиот фудбалер кој дошол до бројката од 30 гола во елитното натпреварување.
Последниот рекорд што Халанд го собори е што оствари пет хет-трика за Манчестер сити во сите натпреварувања сезонава.