21.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Историски дебакл за Шпанија на Европското првенство

Репрезентацијата на Грција по голема борба славеше над Шпанија со 90:86 во меч од последното коло во групната фаза. Овој резултат значи дека Грција го освои првото место во групата, додека Шпанија која е актуелен европски бранител на тронот, е шокирана со испаѓање во групната фаза.

За Шпанија ова е прв пат по 1977 година да не обезбеди место во четвртфиналето, а ова е историски дебакл за нив затоа што Црвената фурија никогаш претходно не била под 15-тото место на континентален собир. Сега е јасно дека Шпанија не е меѓу најдобрите 16.

На дуелот против Грција, Шпанија парираше во првите неколку минути кога беше 13:13, но до крајот на првата четвртна, Грците со фуриозна игра стигнаа до 31:16. Оваа предност од 15 разлика Грција ја задржа и на полувремето кога беше 50:35.

Во третата четвртина Шпанија тргна добро и со серија од 9:0 намали на 44:50, а потоа и на 52:56 во 26 минута. Црвената фурија продолжи борбено и во средината од последната четвртина успеаа и да поведат со 71:70, што беше знак дека ќе има неизнесна завршница.

Потоа неколку пати двата тима се менуваа во водство а 84:84 беше на две минути до крајот. Во решавачките моменти Грците погодија два напади, а Шпанците едноставно се уплашија од шансата која им се овозможи да победат.

На крајот, актуелниот европски првак заврши како петопласиран во групата со две победи и три порази и за Шпанија ова Европско првенство заврши.

- Оглас -

Најнови вести