Историски ден за Лавовите од Престон, ќе играат во Национална втора лига во Австралија (Фото)

Фудбалската федерација на Австралија објави дека од март-април 2025 година ќе стартува новоформирана Национална втора лига, а еден од клубовите учесници во таа лига ќе биде и Престон лајонс, клуб на Македонците од Австралија.

Досега немаше класична втора лига во која ќе играат клубови од цела Австралија, туку второ по ранг беше натпреварувањето по сојузни држави.

Престон постои 76 години, а поминаа три децении откако клубот последен пат настапи на национално натпреварување. Со воведувањето на националната втора лига (втора по ранг зад елитната А лига), во која Престон е еден од основачите, и македонската дијаспора таму ќе се обедини и ќе навива за овој клуб, кој треба и да произведува потенцијални репрезентативци на Македонија.

 

Претседател на Престон е Давид Цветковски, кој има потекло од Битола, а роден е во Австралија.

Меѓу клубовите основачи кои ќе бидат дел од оваа национална лига е и Волонгонг вулфс, чиј предводник е некогашниот судија Сребре Деловски.

 

- Оглас -

Најнови вести