Македонската одбојка освојува нови врвови, денеска две сениорски репрезентации првпат во ист ден ќе играат во континенталното натпреварување на ЦЕВ.
Мажите со повратникот селектор Јошко Миленкоски, во полскиот град Лоѓ гостуваат против Украина од Европската златна лига. Според квотите во Sport Life, Украинците се големи фаворити, целта на нашите најдобри одбојкари е да дадат што посилен отпор. Пренос од овој меч од 19 часот ќе има на Арена 2.
Шесте меча со Украина, Белгија и Хрватска ќе ни дадат слика за можностите во пресрет на Европското првенство чијшто ко-организатор ќе биде Македонија.
Женската селекција се враќа на големата сцена, во „Борис Трајковски“ од 20 часот (пренос на МТВ 3) ја пречекува Австрија во рамките на Европската сребрена лига.