Историски ќе биде дуелот меѓу Ливерпул и Норич

Новиот шампионат во Премиер лигата започнува вечерва и тоа на „Енфилд Роуд“. Ливерпул кој 30 години чека на освојување на титулата во првенството, е голем фаворит против Норич. Црвените се големи фаворити. Во последните шест меѓусебни дуели на овие два тима имало многу голови, вкупно 34, односно речиси шест погодоци по меч. Тоа значи дека вечерва може да се очекува многу возбудувања.

Во последните 12 меѓусебни средби, Ливерпул има 10 победи и две нерешени. Норич последен пат победил на „Енфилд Роуд“ во април 1994 година.

Мечот кој вечерва ќе се игра на „Енфилд Роуд“ ќе биде историски, затоа што за прв пат ќе на еден дуел од Премиер лигата ќе има ВАР систем, што значи дека ако има спорни ситуации, судијата ќе може да побара помош од видео технологијата. Во новата сезона во Премиер лигата ВАР системот ќе биде помош за судиите.

https://twitter.com/NorwichCityFC/status/1159826665876414464

 

- Оглас -

Најнови вести