Историски куп титули за Штип и Струмица

Одбојкарите на Штип УГД се новите освојувачи на Купот на Македонија, откако на домашен терен направија изненадување и со 3:2 во сетови го победија актуелниот првак Струмица.

Во сите шет сета беше неизвесно. Струмица го доби првиот сет со 25:22, а Штип потоа возврати со иста мерка, добивајќи го вториот сет со 25:22. Фаворитот Струмица беше подобар со 25:19 во третиот сет, за да штипјани израмнат на 2:2 откако беа подобри во четвртиот сет со 25:21.

Во решавачкиот петти сет, по голема драма, екипата на Штип се радуваше со 15:13 за историска прва Куп радост и трофеј во ова натпреварување.

И во женска конкренција се случи историја. Екипата на Струмица со 3:0 во сетови славеше над Јанта Волеј.

- Оглас -

Најнови вести