Англискиот премиерлигаш Арсенал испишува нова страница во клупската историја откако бил постигнат договор за потпишување на највредниот договор во историјата на клубот. Главен актер во целата оваа приказна е Букајо Сака.
Според пишувањата на угледниот Би-би-си, сите формалности и детали се договорени и ѕвездата на Арсенал треба да го продолжи договорот. Неколку месеци траеја преговорите, а на крајот Сака се согласил да го стави потписот на нов петгодишен договор со Топчиите.
Тоа значи дека Сака ќе остане во Арсенал до јуни 2031 година и дека лондонскиот тим има големи амбиции во следниот период. Финансиските детали не се потврдени, но се очекува Сака да потпише договор според кој неделно ќе заработува повеќе од 300.000 фунти.
| Bukayo Sako (24) has signed a NEW 5-year contract with Arsenal. All formal steps completed, reports @SamiMokbel_BBC. ✅ pic.twitter.com/SIN11qQ7B4
— EuroFoot (@eurofootcom) February 17, 2026
Сака е еден од лидерите во играта на Арсенал, а овој договор е награда за неговата игра на теренот. Посебна тежина овој договор добива поради тоа што Сака е „дете“ на Арсенал. Тој ги има поминато сите младински категории во тимот, а сега е еден од најдобрите не само во Арсенал, туку воопшто во Премиер лигата.

