17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Историски за Македонија може да биде денешниот меч во Астана

Македонија денеска од 16 часот ќе го започне мечот на гости во Астана против Казахстан во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. По три одиграни меча, Македонија има една победа и две реми и со пет бода е на второто место на табелата зад лидерот Велс.

Со евентуални три бода на „Астана арена“, Македонија ќе ги задржи реалните шанси да се бори за позиција која води на завршницата на планетарниот собир. Освен бодови за пласман на СП 2026, овој меч за Македонија има и друго значење.

Доколку не загуби од Казахстан, Македонија прв пат ќе успее да спои 365 дена, односно една година без ниту еден пораз. Последен пат Македонија загуби на 10 јуни минатата година и тоа во пријателски меч од Чешка со 2:1.

По тој пораз, нашата репрезентација одигра девет дуели и има шест победи и три нерешени. Ги победувавме Ерменија (2:0 и 0:2), Летонија (1:0 и 0:3), Лихтенштај со 0:3 и Фарски острови со 1:0. Нерешени се дуелите против Белгија (1:1), Велс (1:1) и Фарски острови (1:1).

Ако денеска не загубиме во Казахстан (секако дека сите очекуваме победа), Македонија ќе спои јубилејни 10 меча без пораз и над 365 дена без пораз.

- Оглас -

Најнови вести