Исвиркуваните Аргентинци ја спасуваа Бенфика против Бока, шоу со четири гола и три црвени картони

Бока јуниорс и Бенфика одиграа 2-2 во најинтересниот натпревар досега на Светското клупско првнство кое се игра во САД.

Аргентинскиот тим водеше со 2-0, но успеа да победи, а за да им биде уште поболно ремито, головите за португалскиот тим ги постигнаа Аргентинците кои беа исвиркувани во текот на целата средба. Најпрвин погоди Анхел ди Марија, а во финишот на 2-2 израмни Николас Отаменди.

Разликата беше во тоа што Ди Марија не славеше и покажа почит кон Бока, иако никогаш не играл за тој тим, но Отаменди славеше по голот и по мечот изјави дека сите знаат дека тој е фан на Ривер плејт, најлутиот ривал на Бока.

Ова беше меч на кој судијата покажа три црвени картони, два за Бока и еден за Бенфика, а Португалците се жалеа дека била дозволена прегруба игра.

Рано утрово се одигра уште еден меч, Фламенго со 2-0 беше подобар од тунискиот Есперанс. Деби за тимот од Рио де Жанеиро имаше Жоржињо, кој беше асистент при вториот погодок. Следниот меч на Фламенго ќе биде дерби против Челзи.

- Оглас -

Најнови вести