Италија е нов европски рекордер и светскиот не е далеку, но славјето го расипа тешката повреда на Спинацола

Италија е нов европски рекордер со 15 победи во низа на актуелниот шампионат на Стариот континент, а славјето на Аѕурите по големиот триумф од 2:1 против Белгија го подрасипа тешката повреда на Леонардо Спинацола.

Извонредниот бек на Италија се повреди во финишот на мечот од четвртфиналето и има тешка повреда. Ја скина ахиловата тетива повреда што ќе го одвои од терените на подолг период и за него Европското првенство е завршено.

Италија со головите на Барела и на Инсиње во првото полувреме ја елиминира Белгија во дуелот на две селекции што имаа по 14 победи по ред на ЕП и на квалификациите за настап на шампионатот.

Аѕурите вечерва беа подобри и се рекордери со 15 триумфи во низа,најдобро остварување на било која селекција од 1960 година кога се играше првиот шампионат па се досега.

Италија има уште една блескава серија и на 32 натпревари по ред не е поразена, а рекордот е во сопственост на Бразил и на Шпанија, селекции кои во минатото имаа серии од по 35 меча без несупех.

 

- Оглас -

Најнови вести