Италија е фаворит за Зимските олимписки игри 2026

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах, рече дека кандидатурата на Милано и Кортина д`Ампецо има големи шанси да ја добие организацијата на Зимските олимписки игри во 2026 година. Оваа кандидатура се планираше да биде тројна, но Торино се повлече бидејќи тој град сам беше домаќин на ЗОИ 2006.

Иако италијанската влада нема да ја финансира кандидатурата, туку средствата се исклучиво од регионалните влади на богатите региони Венето и Ломбардија, Бах при посетата на италијанскиот олимписки комитет во Рим рече дека кандидатурата е силна бидејќи ги отсликува реформите на олимписката агенда кои ќе почнат да се применуваат во 2020.

Кортина беше домаќин во далечната 1956, па отворањето и затворањето ќе бидат во Милано.

Кандидати за домаќини на ЗОИ 2026 се и Стокхолм и Калгари, но тие се соочуваат со посериозни финансиски прашања. Домаќинот ќе биде одреден на 24-ти јуни 2019 во Лозана.

- Оглас -

Најнови вести