Италија е големиот губитник на вечерта, Аѕурите одат во бараж!

Актуелниот европски првак Италија не успеа директно да се пласира на Светско првенство и ќе мора да игра баражи за да учествува на Мундијалот. Аѕурите се потецијален противник на Македонија во првиот бараж на 24 или 25 март, а и претходниот европски првак, Португалија, ќе биде тим кој ќе сакаме да го избегнеме во баражот.

Италија вечерва одигра само 0-0 на гостувањето кај Северна Ирска, а Швајцарија со 4-0 ја порази Бугарија, па Швајцарците одат во Катар, додека Италија ќе мора да добие уште два баражи ако сака место на СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести