Навивачите на Арсенал гневни на Фулам: Наместо да тренираат, фудбалерите летаат змаеви (Видео)

Арсенал и Манчестер сити се во мртва трка за титулата во Премиер лигата. Топчиите се лидери со еден бод повеќе од Сити, но Граѓаните имаат и еден меч плус за играње што значи дека „џокерот“ сепак е во рацете на актуелниот првак.

Сити в сабота ќе гостува во Лондон на теренот на Фулам, а навивачите на Арсенал со нетрпение чекаат да го видат исходот на овој дуел, надевајќи се дека гостите може да киксираат. Сепак, по последните видеа кои се појавија од „тренингот“ на Фулам, јасно е дека ќе биде многу тешко домаќинот да се спротистави на фаворитот.

Некои од играчите на Фулам на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа како за време на тренингот летаат змаеви и се забавуваат. Напаѓачот Раул Хименес снима додека Вилијан, Андреас Переира и Родриго Муниз летаат змаеви.

„Ние се молиме на Бога да направат добар резултат, а тие пуштаат змаеви?“, “Готови сме, нема шанси овие да земат бод“, „Фулам веќе е на плажа, нивните играчи не мислат на ништо“… беа само дел од разочарувачките коментари на фанови на Арсенал кога видоа како играчите на Фулам се подготвуваат во пресрет на дуелот против Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести