Италија има нов репрезентативец: Бразилец ќе игра за “Азурите“

Италијанскиот селектор, Роберто Манчини, се одлучи во репрезентацијата да повика уште еден фудбалер од Јужна Америка. Откако претходно за Италија дебитираше Ратегуи од Аргентина, сега и Питон од Бразил ќе стане италијанец и ќе ги брани боите за “азурите“.

Се работи за 22-годишен играч кој настапува за Васко де Гама во бразилското првенство, а неговите родители имаат италијанско потекло, иако фудбалерот е роден во Бразил. Тој пред две години зел италијанско државјанство, а сега ќе има можност и да дебитира за Италија за завршниот турнир од Лигата на нации.

Сето ова предизвика негодување кај италијанската фудбалска јавност, бидејќи на последниот список на Манчини, освен аргентинецот Ратегуи, имаше и тројца бразилци Жоргињо, Емерсон Палмиери и Рафаел Толои.

- Оглас -

Најнови вести