Европскиот првак Италија после половина час игра во Реџо Емилија, води со огромни 4-0 против Литванија, а по два гола дадоа Мојсе Кен и Џакомо Распадори. Јасно е дека ќе се зголеми светскиот рекорд по број на мечеви по ред без пораз, а се случи и нешто необично, за првпат од 1960 година наваму, капитен на Италија е странец.
Жоржињо кој е роден во Бразил и во Италија се преселил кога имал 15 години, ја доби честа да биде капитен на средбата со Литванците. Пред него, капитен, а да не е роден во Италија, бил Аргентинецот Мигел Анхел Монтуори, пред 61 година.