Италија и Германија ремизираа 1:1 во првиот меч од групната фаза во Лигата на нации, во дербито на двете најтрофејни европски селекции. Со ова реми Аѕурите ја продолжија низата на слаби резултати, останувајќи со само една победа во последните шест средби што ги одигра.
Актуелниот европски првак Италија имаше многу помалку време за одмор ако се знае дека пред само три дена тие играа против Аргентина во Финалисима и загубија убедливо со 3:0.
Германија имаше доминација на теренот, но Италија прва даде гол. Играчот на Рома, Лоренцо Пелегрини погоди за 1:0, но само три минути подоцна Џошуа Кимих израмни на 1:1.
Со ова реми, селекторот на Германија, Ханси Флик не загуби ниту еден меч во првите 10 средби како предводник на националниот тим, што претходно им успеало само на уште двајца селектори.
10 – Hansi Flick has not lost any of his first 10 matches in charge of #DieMannschaft, becoming the third coach in the history of the German national team to stay undefeated in his first 10 matches after Sepp Herberger and Josef Derwall. Invincible. #ITAGER pic.twitter.com/t0snsaMR3Q
— OptaFranz (@OptaFranz) June 4, 2022