Италија ќе бара „трета-среќа“ против Македонија на „Олимпико“ во Рим

Македонската фудбалска репрезентација има само позитивни спомени од гостувања кај Италија. Во досегашните две средби на тлото на „чизмата“, Македонија може да се пофали со победа и реми.

Аѕурите беа шокирани од Македонија во Палермо во баражот за пласман на СП 2022 година кога нашите фудбалери победија со 1:0, со голот на Александар Трајковски во 90 минута. Претходно, Македонија гостуваше во Торино, кога резултатот беше 1:1, а и тогаш стрелец на голот беше Трајковски.

Сега, Италија се подготвува по трет пат да ја нагости Македонија и тоа ќе биде на „Олимпико“ во Рим. Актуелниот европски првак е во група со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година, а дуелот на „Олимпико“ ќе се игра на 17 ноември. Пред овој дуел, Македонија ќе ја нагости Италија на „Тодор Проески“ во Скопје, во септември.

- Оглас -

Најнови вести